About Us
Сабах Трејд Дооел е компанија во Република Северна Македонија, основана во 2002год. мастер-дилер на Македoнски Телеком АД Скопје.
Првата продавница е отворена во Гостивар во 2002година, од тогаш мрежата се шири во многу градови низ Македонија, која моментално ја сочинуваат 13 сопствени и 27 суб-дилерски продажни салони.
Компанијата ја сочинуваат 45 вработени лица, пред се млади, амбициозни, високи образовни и професионални кадри.
Сабах Трејд Дооел нуди обемно портфолио на комуникациски услуги , што опфаќаат услуги во мобилната и фиксната телефонија, мобилен и оптички интернет, каблоска и дигитална телевизија, комбинирани пакети со други услуги.
Компанијата нуди широк спектар на производи во делот на мобилните телефони, сервисирање и одржување на мобилни апарати, мобилни додатоци и акцесорис, Sony Play Station и додатоци.
Компанијата расте и се развива, зголемувајќи ја својата општествена одговорност и грижата за вработените. Наша цел е да ги мотивираме и да ги задржиме најдобрите луѓе, додека во исто време креираме позитивен баланс меѓу работното време и личниот живот на нашите вработени.
Работиме со страст, посветеност, креативност и визионерство.
Наша визија е на нашите клиенти да им понудиме:
високо ниво на квалитет на услугите
, широк спектар на квалитетни производи
, соработка со висококвалификуван и стручен кадар
, следење на пазарот и на барањата на клиентите.